Бугарија ги заменува системите за противвоздушна одбрана
На 7 октомври беше потпишан дополнителен договор на договорот на Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија со компанијата за производство на системи IRIS-T SLM „Diel Defense“, за набавка на комплекс за противвоздушна одбрана за бугарското воено воздухопловство, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија.
Документот е подготвен во продолжение на Програмскиот договор меѓу Сојузното Министерство за одбрана на Сојузна Република Германија и Министерството за одбрана на Република Бугарија за заедничко купување на системи IRIS-T SLM согласно Меморандумот за разбирање за заедничко купување на копнени системи за противвоздушна одбрана во рамките на иницијативата „Штитот на европското небо“.
Програмскиот договор беше потпишан од министрите за одбрана на Бугарија и Германија на 6 септември 2024 година, како имплементација на Проектот за инвестициски трошоци за набавка на противвоздушни ракетни комплекси ИРИС-Т усвоен од Народното собрание на Бугарија. Ова го означува почетокот на замената на системите за противвоздушна одбрана на бугарската армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…