Не може да игра за „петлите“, а може да се забавува во Стокхолм

t

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, повторно го навлече гневот на фудбалската јавност во својата татковина.

Тој му најави на селекторот Дидие Дешан дека поради повреда нема да настапи на дуелите од Лигата на нации против Израел и Белгија, а потоа одигра два натпревари за Реал Мадрид – против Лил и Виљареал), а сега дополнително ги налути своите сонародници. Причина за тоа се папарацо-слики од ноќно излегување на Мбапе и тоа во Стокхолм. Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави фотографии од Мбапе по излегувањето од ресторан со пријателите, а се наведува и дека тој потоа отишол во еден од ноќните клубови во шведската престолнина.

Тоа не е секојдневна одлука, ниту пак се знае зошто Мбапе го одбрал Стокхолм за одмор и закрепнување од повредата, но какво и да биде неговото објаснување неговата појава во јавноста му донесе само критики од француските спортски вљубеници.

https://x.com/sportbladet/status/1844604133858271343?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1844604133858271343%7Ctwgr%5E9c8457f9f74417c545dae51435c76e4340bcb534%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Ffrancuzite-gnevni-na-mbape-ne-igra-za-reprezentacijata-a-se-zabavuva-vo-stokholm-foto

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не може да игра за „петлите“, а…

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, повторно го…

Поради ураганот Милтон, нивото на морето е…

Според прелиминарните проценки на Националниот центар за…

Куче го оштетило авионот на Кроација ерлајнс,…

На редовниот лет на „Кроација Ерлајнс“ од…

ЕУ даде зелено светло за реформската агенда…

Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло…

Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично…