Не може да игра за „петлите“, а може да се забавува во Стокхолм
Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, повторно го навлече гневот на фудбалската јавност во својата татковина.
Тој му најави на селекторот Дидие Дешан дека поради повреда нема да настапи на дуелите од Лигата на нации против Израел и Белгија, а потоа одигра два натпревари за Реал Мадрид – против Лил и Виљареал), а сега дополнително ги налути своите сонародници. Причина за тоа се папарацо-слики од ноќно излегување на Мбапе и тоа во Стокхолм. Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави фотографии од Мбапе по излегувањето од ресторан со пријателите, а се наведува и дека тој потоа отишол во еден од ноќните клубови во шведската престолнина.
Тоа не е секојдневна одлука, ниту пак се знае зошто Мбапе го одбрал Стокхолм за одмор и закрепнување од повредата, но какво и да биде неговото објаснување неговата појава во јавноста му донесе само критики од француските спортски вљубеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Инцидент во близина на воена база во…
Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…
Македонија во првите седум месеци од 2026…
Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…