Не се доволни тенковите: Зеленски сега бара воени авиони и ракети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави одлуките на САД и Германија да испорачаат борбени тенкови на неговата земја.
Во своето секојдневно видео-обраќање, тој синоќа им се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц и на американскиот претседател Џо Бајден за нивните ветувања да ги зајакнат одбранбените сили на Украина со тешки тенкови.
– Благодарен сум на сите наши сојузници за нивната подготвеност да ни обезбедат модерни и многу потребни тенкови, рече Зеленски и додаде дека начинот на кој сите работат заедно за да ја зајакнат слободата, да ги бранат Украина и Европа е историско достигнување.
– Сега се формира тенковска тупаница. Тупаница на слобода чии удари нема да дозволат тиранијата повторно да застане, нагласи тој.
За таа цел, рече тој, важно е брзо да се обучат украинските тенковски екипажи и да се испорачаат борбените тенкови во Украина што е можно поскоро, пренесе ДПА.
Сепак, потребен е напредок и за други воени прашања, рече Зеленски. Пред сè, на неговата земја сега и требаат ракети со долг дострел, борбени авиони и повеќе артилерија.
– Ова е сон, ова е задача. Важна задача за сите нас, нагласи украинскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…