Не се откажуваат: Упорно се турка избор на еден изведувач за Универзална сала!

t

Министерството за култура не се откажува од Универзал Балкан, кој по шести пат е избран за изведувач на Универзална сала по принципот клуч на рака.

Инфомакс претходно детално пишуваше за овој случај каде пет пати по ред се избира истиот изведувач од страна на Министерството за култура, иако ДКЖЈН во повеќе наврати ја поништува одлуката на Министерството.

На 18.03.2026 година Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе Решение со кое се усвојува жалбата на Агровејст Биотермал Продукт ДОО Скопје, во врска со одлуката на Министерството за култура за избор на УНИВЕРЗАЛ БАЛКАН како најповолен изведувач.

Во Решението од ДКЖЈН стои:

„ Жалбата на жалителот АГРОВЕЈСТ БИОТЕРМАЛ ПРОДУКТ ДОО Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда од 24.02.2026 година, донесена по Огласот за јавна набавка со Отворена постапка бр.23309/2025 за набавка на работи Изведба на градежни и градежно занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална Сала во Скопје по принцип на изградба Клуч на рака, на договорниот орган Министерство за култура и туризам, СЕ УСВОЈУВА СЕ УСВОЈУВА СЕ УСВОЈУВА СЕ УСВОЈУВА.

СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда од 24.02.2026 година, донесена по Огласот за јавна набавка со Отворена постапка бр.23309/2025 за набавка на работи Изведба на градежни и градежно занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална Сала во Скопје по принцип на изградба Клуч на рака, на договорниот орган Министерство за култура и туризам и предметот се враќа на повторно и предметот се враќа на повторно и предметот се враќа на повторно и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување постапување и одлучување постапување и одлучување постапување и одлучување на договорниот орган на договорниот орган на договорниот орган на договорниот орган….

Министерството за кулутра имаше 30 дена да постапи по ова Решение, а нивната одлука беше донесена експресно. Во одлуката се наведува дека повторно се избира истиот понудувач, како и претходните пет пати.

Росица Младеновска Андоновска од компанијата Макаус ДООЕЛ од Скопје, со која разговаравме и претходно вели дека повторно ќе поднесе Жалба до ДКЖЈН бидејќи не е постапено соглансо нивните насоки и ќе ги искористи сите законски можности.

„Ќе ги искористам сите институционални лекови со кои може да спречам ваква незаконска одлука и неконкурентен и незаконски избор. Понудувачот кој се форсира да биде избран најпрво треба да ги има документите согласно Законот, за да може да биде избран, тука завршува секој муабет. Ако исполни услови тука нема што да се буни било кој“, вели Росица која додава дека потврдите за подизведувачите од Министерство за транспорт од избраниот изведувач биле незаконски доставени по отворањето на постапката.

– „Во Закон за јавни набавки ога постои отворена постапка за јавна набавка, кога комисијата при евалуација постави прашања до понудувачите за достава на некој документ, документот што треба да се достави треба да биде со датум пред отворањето на јавната набавка, инаку не се прифаќа.“, објасни Младеновска Андоновска.

Универзална сала мора да биде готова до крајот на 2027 година поради исполнување на обврските преземни со изборот на Скопје за Европска престолнина на културата. Со оваа динамика речиси и да не постојат шанси соодветно да се изведе објектот на Универзална сала.

Рокот пропишан во огласот за јавната набавка е две години, иако според експерти кои работат во областа, реалниот рок за изведба е четири до пет години. Дури и со рокот од две години, тешко е дека Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година, кога е крајниот рок согласно потребите за „Скопје европска престолнина на кулутрата“.

Детали за петте претходни понуди, за замолниците Росица да се откаже од жалбите, кои дошле и од страна на власта и од страна на опозицијата, можете да прочитате во продолжение.

    ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

    Левица: Министерот – глумец контра правата на…

    Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…

    „Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како…

    Македонскиот бенд  D’Reamers ја претстави својата нова…

    Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони…

    Спортската сала на УКИМ, во која државата…

    БУРУ го “размрда” Скопје

    Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ…

    Шукова најави културни ваучери за млади и…

    Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова,…