„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како најава за нивниот албум
Македонскиот бенд D’Reamers ја претстави својата нова песна „Таа“, десетта по ред и конечниот дел од мозаикот што го сочинува нивниот дебитантски албум. Со ова издание бендот го комплетира првото музичко поглавје создавано со љубов, трпение и визија – албум чија официјална промоција ќе биде објавена во пресрет на многумина кои долго ја чекаат.
“Таа“ е сензуално скроена композиција во која секој творечки елемент внимателно е вградeн.
Текстот на Синиша Карафилоски го отвора патот кон поетскиот свет на песната, додека аранжманот на Дамир Пух и Наташа Миха ѝ дава пулс, длабочина и движење. Во студиото „GreenRoom Sound Studio“ песната го добива својот конечен звук — префинет, чист и искрен, токму онаков каков што ја носи нејзината емоција.
Во центарот на оваа нумера стои вокалната интерпретација на Јордан Џејмс Ивановски, чиј глас ја пренесува суштината на „Таа“ со топлина, кревкост и сила што допира подлабоко од зборовите.
Визуелниот дел од проектот е збогатен со појавата на актерката и уметничка Ирина Кузевска, чија присутност во спотот внесува нов слој на емоција и симболика. Со нејзината игра пред камера, приказната на песната добива лице, поглед и мистерија.
Со „Таа“, D’Reamers не само што го заокружуваат својот прв албум — тие ја отвораат вратата кон ново музичко патување, преполно со искреност, автентичност и уметничка длабочина. Публиката сега го очекува само последниот чин: промоцијата на албумот, која ќе ги спои сите десет песни во едно целосно уметничко доживување.
Уживајте
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: УМЕТНОСТА ЈА КРШИ ТИШИНАТА
Скопје одбележа 35 години независност со уметност,…
Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“…
Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо…
Љутков: Посветени сме на заштита и унпаредување…
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков…
Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…
Левица: Министерот – глумец контра правата на…
Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…