“Не се предаваме до оставка на професорката Мехмеди”: Студентите од Тетово и денес протестираат против заканите кон нивен колега

t

„Були-јана Мехмеди“, „’81-ва не е далеку“, „Без студенти нема универзитет“… Ова беа само дел од паролите на студентите по музика на Универзитетот во Тетово кои денеска протестираа против, како што велат, заканите и уцените од професорката Бесиана Мехмеди и одлуката на деканот на Факултетот за уметности кој реагираше само со опомена за професорката.

Студентите протестот го започнаа од центарот на градот кон Универзитетот, каде наидоа на затворени врати за да не влезат во дворот, но кажаа дека нема да се предадат сè до оставка на професорката. Тие рекоа дека протестот е порака до сите студенти да не молчат за неправдите.

– Нека биде порака до сите студенти на овој универзитет дека секој професор кој навредува, уценува, се заканува треба да биде осуден и замолчен. Гледам дека на протестите имаме и граѓански организации кои дојдоа да ги поддржат студентите. УТ е огниште на знаењето, основано со крвта на народот и нема да дозволиме никој да ги гази трудот и жртвите, изјави Арди Лена, студент.

Протестот беше поддржан и од Форумот за промени во образованието. Бленди Ходаи од овој форум порача дека универзитетите не треба да имаат професори кои ги фаќаат студентите за гуша.

Целата вест може да ја прочитате на Алсат-М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…

Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…

Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…

АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…

Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за…