Не сме знаеле: Младите ќе престанат да се иселуваат затоа што ги почнавме преговорите со ЕУ, вели претседателот на СДММ
Како млади треба да сме пооптимисти од останатите, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостување на „ТВ24“. Тој оцени дека 2023-тата е надежна за младите, а вратата што Европската унија ја држела долго затворена, сега се подотворила.
-Со тоа почнавме како млади да го гледаме светлото на европскиот просперитет. Лани почнаа многу прашања за младинските политики да се покренуваат. Постои дискусија која што ја поттикнуваат сите заради младинските прашања и токму заради тоа фронтот за подобар живот на младите тука ќе биде секогаш отворен, рече Михаилоски.
Според него, младите можат и мораат да придонесат уште повеќе за да ги донесат европските вредности дома.
-Отпочнувањето преговори значи неиселување на младите, со нив имаме проекти за мобилност и размена на студенти. Тоа значи подобри можности и повисок стандард за нас младите, што доведува и до подобро образование. ЕУ е процес, во кој сите треба да се вклучат за да може процесот да функционира, рече Михаилоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јанески: Младите да не се лажат…
Младината на Левица и Левица како партија…
Не сме знаеле: Младите ќе престанат да…
Како млади треба да сме пооптимисти од…
Ковачевски до СДММ: Иднината на младите е…
СДСМ е државотворната партија која секогаш се…
Наместо да лае за Орце да оди…
Твитер профилот "Марга" објави дека Претседателот на…