(Видео) Јанески: Младите да не се лажат дека ќе променат нешто ако одат во СДС или ДПМНЕ, промената е во Левица
Младината на Левица и Левица како партија секојдневно растат, истакна во денешното гостување во Тешки муабети, раководителот на Црвена младина, Марио Јанески.
– Можам да кажам дека младите го надминуваат стравот, се охрабруваат, ние сме најбрзорастечка партија и младина во Македонија. Секојдневно растеме, се зголемува бројот на активисти, на симпатизери и тоа ми дава надеж, мислам дека сме на прав пат.
Ги повикувам сите кои се двоумат да се приклучат, важно е да се охрабрите и да дојдете заедно со нас, рамо до рамо да се бориме.
Ние не собираме шуто и рогато, кај нас доаѓаат млади кои прашуваат што можат да направат, како да помогнат. Јас имам пријатели кои биле во УМС или СДММ и кажуваат дека таму се зборува само за вработувања, кој на која позиција ќе биде, таму нема идеологија туку само лични интереси.
Да не се лажат младите дека ако одат во овие партии ќе можат да променат нешто, вели Јанески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…