„Не сум ниту Бугарин, ни Србин ни Грк, јас сум Македонец и сакам ова да се признае“
Откако соседните држави почнаа со старите пропаганди за асимилација на Македонците, непостоење на македонски народ, јазик и слично, социјалните мрежи вријат од објави во кои луѓе пренесуваат историски податоци и факти за постоењето и самобитноста на македонскиот народ.
Во продолжение ви пренесуваме објава од страната Macedonia : a True Endless Story …
„НЕ СУМ БУГАРИН, СРБИН, НИ ГРК, МАКЕДОНЕЦ СУМ И САКАМ ОВА ДА СЕ ПРИЗНАЕ“ – 1962 г.
Православните цркви на соседните народи биле главните предводници на асимилацијата на Македонците во „Грци“, „Бугари“ и „Срби“ откако македонската Охридска архиепископија (ОА) била укината од османлиските власти во 1767 година.
Канадскиот истражувач и професор, д-р Хари Херман*, во својата книга за Македонците емигранти напишал дека грчката, бугарската и српската православна црква се обидувале да влијаат врз Македонците дури и откако ОА била возобновена во лицето на Македонската православна црква (МПЦ).
Конкретно во градот Торонто во Канада, Македонците, немајќи своја црква, отпрвин биле принудени да одат во други православни цркви, а најмногу во веќе воспоставените грчка, бугарска и српска црква, пишува Херман.
Меѓутоа, со воспоставувањето на МПЦ „Св. Климент Охридски“ во Торонто во 1962 г., грчката и бугарската црква започнале да вршат пропаганда и да ја омаловажуваат МПЦ меѓу верниците Македонци за да ги спречат да ја посетуваат.
Во црквата „Св. Ѓорѓија“ пак, дошло до поделба меѓу верниците Македонци, еден дел од кои се побуниле поради преголемото бугарско влијание во неа, како и употребата на бугарскиот јазик.
Авторот посочува еден верник кој му објаснил зошто тој и Македонците како него се побуниле:
– „Не сум ниту Бугарин, ни Србин ни Грк. Јас сум Македонец и сакам ова да се признае“.
Ова е уште еден доказ дека без разлика што Македонците оделе во туѓи цркви затоа што сопствената им била неканонски укината, добар дел од нив имале македонско национално сознание и во прва прилика тие тоа јасно го искажувале.
Авторот се потрудил да даде и карта на Македонија во своите етно-географски граници.
*Хари Херман диломирал етимологија во Загреб и Минхен, а магистрирал и докорирал на Универзитетот во Торонто. Работел како професор по антропологија и социологија во Онтарио.
ИЗВОР: Harry Vjekoslav Herman, “Men in White Aprons: Study of Ethnicity and Occupation,” P. Martin Associates, 1978, pg. 25.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…
Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Ново видео од пцовките на Даку…
По обидот за извинување од страна на…
Заев: И Македонците и Грците сме Европејци
„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и…