НЕ ТРПАМ НЕЗАКОНИТОСТ ВО ИСТРАГИ: Јовевски тврди дека нема политика во разрешувањето на Русковска
Апсолутно нема политика во предлогот на Советот за јавни обвинители за разрешување на Вилма Русковска, која го водеше обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тврди државниот обвинител Љубомир Јовевски во вечерашната Топ Тема.
– Влегувањето во таков случај и во финансиската полиција и без да се знае кој предмет се бара, туку се бараат предмети за 4,5 години наназад, значеше дека Обвинителството воопшто нема никакви сознанија за ова дело или за други конкретни дела и јас не можев да ја трпам таа незаконитост во конкретниот предмет – вели Јовевски.
Во однос на забелешките дека и во други случаи, адвокатите се жалат на незаконити претреси и постапување а при тоа тој не реагирал, Јовевски не можеше да посочи друг случај каде тој реагирал на сличен начин.
За коментарот на Русковска дека по отворањето на истрагата против Драги Рашковски, таа добила понуда за избор во републичкото обвинителство, а кога не го прифатила тоа и било понудено и унапредување на нејзиниот внук, државниот обвинител не кажа дали тоа го смета за притисок и не сакаше да ја коментира нејзината веродостојност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И тоа го упропастија: Не работи апликацијата…
Управата за јавни приходи ја информира јавноста…
23-годишник пријавил измама, со украдени лични податоци…
На 26.06.2025 во 11.00 часот во СВР…
Од понеделник уште потопло со пораст на…
По преодното дестабилизирање на времето, од понеделник…
Возеле дрво пијани: Уапсени повеќе возачи
Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.„100“…
Па нели Британците ќе инвестираа: Владата тешко…
До овој момент нема пристигнато понуда за…