Ние им помагаме, Украина ни украде два КАМИОНИ!

t

По речиси две недели чекање на границата меѓу Украина и Полска, возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од државата, меѓутоа без нивните камиони.

Сопственикот на фирмата кажа дека 2 камиони биле запленети без никакво објаснување и документ. Украинските гранични служби синоќа им соопштиле на возачите дека имаат околу пет минути да ги земат личните работи и да си заминат од државата.

Освен македонските камиони, биле одземани и неколку руски и белоруски камиони кои во претходните две недели беа заглавени на украинската граница.

Газдата на валандовската фирма бара помош од институциите за да може да си ги врати возилата кои чинат повеќе од 200.000 евра.

Двата камиони биле товарени со јаболко кое патувало кон Русија, а во Украина влегле пред да почне воената операција на руската армија на територијата на Украина.

За иронијата да е поголема Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина. Ваква одлука донесе македонската Влада, која се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ. Претходно голем дел земји поединечно одлучија да ѝ испратат воена помош на Украина откако на 24 февруари Русија започна воена инвазија врз земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте: Поради присуство на мувла, од пазарот…

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира…

Три лица завршија во болница откако вдишале…

Три лица завршија во болница откако вдишале…

Затворски полицаец си даде отказ: Почнаа притисоци…

После четири години работа во Затворската полиција,…

Закерберг e трет најбогат човек во светот,…

Основачот на „Мета“ Марк Цукерберг го престигна…

Плусинфо: Слоницата Дуња не угинала, туку била…

Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина не…