„Ние сме мала држава, но се однесуваме како кредибилен партнер на НАТО“, рече Сиљановска-Давкова од Хаг
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави дека овој НАТО самит е историски, и дека на него било покажано единство од сите членки.
Исто така рече дека очекува целиот свет да тргне по еден мирен период, после конфликтите на Блискиот исток.
„Овој самит ќе биде запаметен по единство, и по решеноста заедно да тргнеме по мирен период, и она што е најважно по долго исчекување на примирје. Јас ги изнесов нашите позици, и истакнав дека иако сме мала држава, се однесуваме како кредибилен партнер на НАТО, за разлика од многу други. Ние издвојуваме 2% издвојувавме, донесена е одлуката за зголемување на 5%, и остануваме посветени на обврската, но мора да се внимава на финансиската моќ на државата. Неколку пати потенцирав повеќе би сакала да издвојуваме за наука и образование, но има моменти кога поради консензусот, кога сте во едно друштво со кое делите исти принципи мора да ги почитувате заеднички одлуки“, рече Сиљановска-Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…
Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Марк Руте: НАТО е тука и за…
На прес конференција пред почетокот на НАТО…