Ние ќе маваме со камења: И Албанија купува “Бајрактар”!
Во Владата во Тирана, претставници на албанското Министерство за одбрана и турската компанија „Бајрактар” потпишаа договор за првите три беспилотни летала, од повеќето што Албанија планира да ги набави.
На потпишувањето присуствуваше и премиерот Еди Рама, кој рече дека станува збор за „највисоката технологија за летање за воени, полициски и цивилни мисии”.
Тој додаде дека договорот е постигнат благодарение на стратешкото партнерство меѓу Турција и Албанија.
„Горди сме што сме дел од најголемиот воен сојуз, НАТО, а во исто време што сме усогласени во стратешкото партнерство меѓу нас и Турција. Природниот однос изграден со години на најдобар можен начин го потврдивме денеска. Со овој договор, овде, во Албанија, не ја носиме само најдобрата висока технологија во оваа област, туку во Албанија ќе донесеме ново поле на знаење. Многу е битно што договорот не е само купување на беспилотните летала, туку и за изградба на мост меѓу нашите вооружени сили и компанијата „Бајрактар”, која ќе се грижи за обука на повеќе од 30 лица кои ќе бидат избрани многу внимателно со помош на компанијата и ќе бидат подготвени да ја преземат потребната функцијата во центарот за контрола што ќе биде предмет на највисока технологија во воздухопловната база Кучово, рече Рама.
Тој упати голема благодарност до турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган чија заложба била „од суштинско значење во овој процес”.
„Се однесува на највисока технологија на летови за воени, полициски и цивилни мисии, во функција на националната безбедност, борбата против криминалот, нелегалното одгледување на марихуана, на цивилни итни случаи, заштита на територијата и собирање на геопросторни информации, рече министерот за одбрана
Нико Пелеши додавајќи дека флотата ќе се проширува.
Познати и како БТ2, вооружените дронови „Бајрактар” се беспилотни летала бомбардери, многу „умешни”, мали, економични но и смртоносни, наведува АБЦњуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…
Грција е „чувар на европската траекторија на…
Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…