Никна уште едно бугарско здружение во Прилеп: Претседателот вели во Македонија се води војна против Бугарите

t

Без многу галама во Прилеп никна уште едно бугарско здружение, кое овојпат не носи провокативно име.

Од мај годинава во Централниот регистар на Република Македонија, егзистира уште едно Здружение на Бугарите, овој пат, регистрирано во Прилеп. Според информациите кои што ги објави Алфа, повикувајќи се на податоци од Централниот регистар, ова Здружение, регистрирано е под називот „Југ“ и е основано од петмина основачи. Неофицијално, негов претседател е извесен Зоран Мрчески, а како седиште на Здружението во Регистарот е наведена улицата „Максим Горки“ број 126 во Прилеп.

„Цел на Здружението е создавање на промени во Република Македонија и свест од неопходноста за зближување и меѓукултурна толеранција на културите на соседните држави“, стои меѓудругото во образложението за дејноста на Здружението и се додава дека нивните активности ќе подразбираат „организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки и сл. со цел надоградување на доминантните културни модели и заложби за создавање реални услови за искажување на културниот идентитет и реализација на индивидуалните права во контекст на мултукултурното општество во Македонија“.

Досега, во овие седум месеци од постоењето, ова Здружение немало некои јавни активности, се’ до завчера кога заедно со претставниците од Здруженијата во Битола и Охрид, не се пожалија во Софија пред пратениците кои се членови на парламентарната комисија за Бугарите во странство дека во Македонија систематски им биле прекршени основните човекови права, не можеле слободно да се изразуваат или пак јавно да се самопределат. За дел од нив односот на официјална Софија кон земјава бил премногу мек, некои пак оценија дека во Македонија се водела војна против нив.

„Бугарите во моментов во Македонија се во војна. Вие, не знам колку сте свесни што се случува во моментов во Македонија за сите Бугари и децата на тие Бугари“, – изјавил Зоран Мрчески – од Здружението „Југ“ од Прилеп за Алфа.

И додека бугарските клубови и здруженија во земјава никнуваат како печурки по дожд, на единствениит клуб на Македонците во Бугарија, „Никола Вапцаров“, отворен неодамна во Благоевград, му се заканува реална опасност да биде затворен откако бугарскиот суд оцени дека целите на Клубот биле спротивни на Уставот на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште гори во Прилеп, нема да се…

Пожарот во Прилеп е активен и утрово,…

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

Пожарот кај Небрегово се шири кон две…

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…

Петмина повредени во судир на трактор и…

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската…