Никола Груевски: 150 години од раѓањето на Васил Чакаларов, неколку сеќавања поврзани со него
150 години од раѓањето на Васил Чакаларов
(Неколку сеќавања поврзани со него)
„Без да го има образованието на своите другари и без да е даскал по професија, во првите редови на даскалите стои Чакаларов, една моќна фигура, способна да му импонира и на најлутиот арамија. Сув, жилест, со загорено мургаво лице, со црна кадрава коса и со очи темни и готови секоја минута да заблескаат со студен злобен блесок, Чакаларов е најдрскиот при егзекуциите и најиздржливиот во походите. Никој арамија не може да се мери со него по енергија, цврстина и искусна стрелба.”
Христо Силјанов, негов долгогодишен соборец и пријател
„Во Атина пак излегла целата полиција на нозе, заедно со костурските предавници, за да го фатат Чакаларов. Таа воопшто не можеше во тоа да успее.”
Пандо Кљашев за активностите за пренесување оружје на В.Чакаларов во април 1902
„Кога дознав, размислував дека би можеле да го фатиме Чакаларов во Атина и така да го растуриме нивното упориште таму. И така со доверливи писма се договарав со неговиот братучед Георги Камо (се однесува на Георги Гамчето) во Атина за да успее неговото апсење. Патните трошоци ги понесов јас, затоа што тогаш немавме никаква помош од никаде. Подоцна, кога беше формиран Грчкиот комитет, испраќаше пари до главниот челник на Комитетот или до Грчкиот конзулат во Битола и ги делеа по единиците.
Грчкиот владика Германос Каравангелис “Македонска борба” (мемоари) за истиот период април 1902 година кога планот за ликвидација на Чакаларов започнал да се спроведува. За таа цел, Ѓамчето во Атина во чекор го следел движењето на Чакаларов и во еден момент се приближил до еден полицаец, му го покажал костурскиот војвода и се обидел да го убеди да нареди негово апсење. Чакаларов го видел сето тоа, се скрил во некоја локална кафеана и успеал да исчезне пред очите на грчката власт.
„Ти забранувам да зборуваш понатаму, затоа што не ги познаваш луѓето, а зборуваш такви работи. Ти забранувам да зборуваш или да му ја мислиш… Нема да те убиеме, но нема да ти дозволиме да правиш неред и да не туркаш во востание. Слободата ние ќе си ја извојуваме, не ја сакаме од тебе. Немој да мислиш дека ако си полковник и со еполети, дека ќе дозволам да го повлечеш народот и поради тебе да изгори!”
Чакаларов во Кономлади Костурско љљкон полковникот Јанков од Врховниот македонски комитет кој имал намера заедно со Коте од Руља да крене сосема неподготвени востание пред МРО да го направи тоа со Илинденското востание,
Спомени, С.Арсов, П.Кљашев,…
На обвинувањата на некои членови на селските комп- теги дека Чакаларов зел голема сума пари од Врховниот комитет, тој во својот дневник запишал:
„Колку е чудно човек да слуша ра боти коишто не ги видел, дури ни на сон! Да ме зачува провиде нието да останам жив, та тогаш ќе направам да разбере секој дека Чакаларов не е човек којшто го сака златого, туку ја сака својата Татковина. Какви несреќници се тие коишто мислат дека ние ра ботиме за пари!… како да ни е гарантиран животот, та треба да го собереме богатството…
Во почетокот на 1903 од дневникот на В.Чакаларов
тешки и судбоносни моменти:
„Васил Чакаларов беше војвода со темперамент и со големо четничко и животно искуство. Сам тој беше даровит човек и следствено за неговиот ум беше достапна една корисна стратегиска концепција. Водач од прва класа, тој ја разбираше и задачата којашто при конкретните услови можеше да се исполнува и природата на самата работа којашто требаше да се врши. Со други збо- рови, Васил Чакаларов ја имаше дарбата на искуството и можеше да прави разлика меѓу четничка борба во мирно време и корисни четнички и партизански дејства од крупен карактер по периферијата на нашите воени сили во воено време.”
Петар Дрвингов, командант на Македоно-одринското ополчение, го опишувава војводата Чакаларов
“Историја на македонски одринското ополчение” 1925г
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…