Николовски се испофали по повод 100 дена Влада: Креиравме успешни политики за помош на земјоделците

t

Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, докажавме дека се грижиме за секој земјоделец. Креиравме политики и мерки за помали трошоци и одржливо производство, обезбедивме сигурност, стабилен пазар на храна и покажавме грижа за секој килограм домашно производство.

Во услови на светска економска и политичката криза донесовме две клучни програми – Интервентен фонд вреден 400 милиони денари (над 6,5 милиони евра) за поддршка на земјоделците преку нови интервентни мерки, и Национален план за производство на храна,  со цел зголемување на домашното производство на стартешките култури. Ова е прв пат да се носи интервентен фонд, со којшто  преку интервентни мерки им помагаме на земјоделците во оваа тешка состојба на економска криза со која се соочува целиот свет, да имаат помали трошоци а со тоа и одржливо производство.

Со Интервентниот фонд опфатена е субвенционирана набавка на вештачко ѓубриво за пченица, јачмен, пченка и сончоглед. Навремено интервениравме да се пресретне глобалниот проблем со недостаток на ѓубриво. Многу важно, особено во овој период кога се врши прихранување (ѓубрење) на посевите од што зависи колкави приноси и површини, односно колкави количини домашно земјоделско производство годинава ќе имаме.

Во интервентниот фонд се предвидени и дополнителни средства од вкупно 190 милиони денари за финансиска поддршка во сточарското производство, односно сточарите ќе добијат дополнителни 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланици и 1.500 денари за предадени гоеници во регистрирани кланици како и нова интервентна субвенција во висина од 60 денари по несилка.

Во овој тежок период, Владата и Министерството ги насочија сите ресурси и енергија кон справување со кризата, економска поддршка за граѓаните, за земјоделците, за бизнис секторот. Затоа и се донесе интервентниот фодн со кој придонесуваме за намалување на производствените трошоци што ги имаат земјодецлите поради покачени цени на репроматеријали, намалени откупни цени, а се со цел да можат да имаат  одржливо производство, но и да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови на финалните производи на пазарот.

Им помагаме на земјоделците и преку редовна исплата на субвенциите, и покрај кризата исплатата тече непречено, исплатени се субвенциите за полјоделците, лозарите, овоштарите и производителите на млеко, а исплатата на интервентните субвенции за секој земјоделец ќе почне да се реализира веќе од следната недела и ќе заврши најдоцна до 31 јули 2022 година.

Донесен е и Национален план за производство на храна, каде повторно во фокусот се стратешките култури, како пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Со овие мерки земјоделците добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сончоглед и јачмен. Дополнително со скоро 100 евра од хектар, ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот за стратешките култури. Аплицирањето за овие мерки веќе е во тек, а преку воведувањето на посебниот модул за исплата, земјоделците средствата ги добиваат во рок од 7 дена по аплицирањето.

Со цел да се зголеми производството и на приносите од поледелските култури, се усвоија неколку измени во постоечката Програма за финансиска поддршка во земјоделство.

Се намалија критериумите за аплицирање со цел зголемување на производството на пченица, јачмен, пченка, рж, овес и сончоглед. Критерумот за поддршка од 5.760 денари по хектар од 5 до 50 хектари е сменет и олеснет па така од сега сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, пченка, рж, овес и сончоглед и ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар, ке добијат субвенција од  5.760 денари по хектар.

Недостатокот на масло за јадење придонесе да креиераме уште една многу важна измена во програмата за финансиска поддршка и за производителите на сончоглед. Со тоа го стимулиреме домашното производство на сончоглед кое треба да заврши во домашните преработувачки капацитети со што ја намалуваме увозната зависноист, а воедно го поттикнуваме договорното производство на сончоглед. Со ваквата мерка придобивка имаат и земјоделците и сите граѓани бидејќи на овој начин го штитиме домашното производство и ги зголемуваме површините со стратешки култури бидејќи поддршката за земјоделецот значи поддршка и храна за целата земја.

Во таа насока е и ставањето во функција на секоја педа слободно земјоделско земјиште на кое ќе се одгледуваат стратешки култури, за која цел во тек е јавен повик со кој на располагање ставивме дополнителни 5.722 хектари слободно земјоделско земјиште во 14 региони низ државата: Штип, Велес, Свети Николе, Неготино, Кавадарци, Куманово, Кисела Вода, Гази Баба, Кочани,  Делчево, Кратово, Прилеп и Битола.

Како министерство направивме се да обезбедиме стабилно домашно производство. Тоа е наша обврска и истата континуирано ја исполнуваме.

Една од клучните улоги на министерството е и водоснабдувањето на обработливите површини. Целата површина со обработливо земјиште во нашата држава, за да може да ги даде очекуваните приноси, потребно е континуирано стабилно наводнување. За таа цел, во тек се неколку проекти за изградба на брани и системи за наводнување. Во месец април започна изградбата  на модерен систем за наводнување по принцип капка по капка во село Конопница, со кој се опфатени нови 40 хектари на кои се обработуваат различни земјоделски култури а бенефит имаат над 100 земјоделци од овој регион кои обработуваат околу 370 парцели. Со новиот модерен систем за наводнување ќе се обезбеди сигурно производство и зголемени приноси.

Сите мерки во изминативе 100 дена се носеа со единствена цел, стабилно, одржливо, зголемено и профитабилно земјоделско производство со фокус на стратешки  култури со што ја намалуваме увозната зависност и стимулираме домашно производство кое треба да заврши во нашите домашни преработувачки капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Задолжителното осигурување на посевите е нов удар…

Задолжителното осигурување на посевите е нов удар…

Георгиевски: И во време на криза СДСМ…

И во време на светска економска криза,…