Николоски: Потребно е многу внимателно да се преговара со Бугарија, досега има најмалку 3 договори што не се испочитувани од бугарска страна

t

„Бугарија нема позитивно минато на исполнување на договори со Македонија. Досега има најмалце три договори кои што не се испочитувани од бугарска страна, во 90-тите Глигоров – Желев, после тоа 99-тата година Георгиевски – Костов, и после 2017-тата година кога имаше договор меѓу Заев – Борисов. И ниеден од тие договори не се испочитува. И затоа мислам дека мора многу внимателно да се влегува во процесот на договарање пред се во однос на гаранции кои што досега ги немаше во досегашните договори, затоа што сепак имаме проблем со Бугарија, а не со Данска“,истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Николоски додаде дека не се случи лидерска средба откако Димитар Ковачевски беше избран за премиер.
„Кога беше избран Димитар Ковачевски иницираше лидерска средба која што како што гледате не се случува иако не сакам да бидам индискретен но во одредени комуникации кои што ги има во рамки на Собранието повеќе пати сме прашале што е намерата за лидерската средба. Сега таква комуникација нема односно за жал не се случи таа лидерска средба. А, најдобар начин да се разменат мислења е на еден таков тип на средба каде што ќе се види кој каде е. А, сега одиме само на претпоставки. Имајќи во предвид минатото и имајќи в предвид искуства од минатото ние нормално е да сме сомничави“, појасни Николоски.

Николоски посочи дека мора многу внимателно со Бугарија, таму за жал мнозинство од политичката елита не гледа пријателски кон Македонија, и пред се македонскиот народ како доминантен во рамки на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…