Ница ги советува навивачите да не одат во Молдавија
Францускиот фудбалски прволигаш Ница ги советуваше своите навивачи да не патуваат идната недела во Молдавија за да му дадат поддршка на својот тим на првиот натпревар од осминафиналето во Конференциската лига против Шериф.
„Ница мора да заземе одговорен став“, соопшти францускиот клуб, опишувајќи ја безбедносната ситуација за своите навивачи во Молдавија како „во најмала рака неповолна“.
Молдавскиот тим во шеснаесетфиналето му беше домаќин на Партизан зад затворени врати, но УЕФА вчера соопшти дека натпреварот меѓу Шериф и Ница може да се игра во присуство на навивачи.
Шериф доаѓа од градот Тираспол во близина на границата со Украина, но од безбедносни причини сите натпревари во европските купови оваа сезона ги игра во главниот град Кишињев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката Санду го потпиша указот за почеток…
Претседателката на Молдавија, Маја Санду соопшти дека…
Украина и Молдавија ги почнуваат пристапните преговори…
Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа…
Експремиерката на Финска била платена за да…
Поранешната финска премиерка Сана Марин била платена…
Претседателството на ЕУ сака брз почеток на…
Украина и Молдавија можат да се надеваат…
Санду: ЕУ треба да разработи „Маршалов план“…
Европската унија треба да ја развие својата…