Ница ги советува навивачите да не одат во Молдавија
Францускиот фудбалски прволигаш Ница ги советуваше своите навивачи да не патуваат идната недела во Молдавија за да му дадат поддршка на својот тим на првиот натпревар од осминафиналето во Конференциската лига против Шериф.
„Ница мора да заземе одговорен став“, соопшти францускиот клуб, опишувајќи ја безбедносната ситуација за своите навивачи во Молдавија како „во најмала рака неповолна“.
Молдавскиот тим во шеснаесетфиналето му беше домаќин на Партизан зад затворени врати, но УЕФА вчера соопшти дека натпреварот меѓу Шериф и Ница може да се игра во присуство на навивачи.
Шериф доаѓа од градот Тираспол во близина на границата со Украина, но од безбедносни причини сите натпревари во европските купови оваа сезона ги игра во главниот град Кишињев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
120 милиони евра помош од ЕУ за…
Европска Унија денеска вети помош во висина…
Романскиот парламент усвои закон за обединување со…
Долниот дом на романскиот парламент усвои закон…
Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е значително пред Украина…
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, изјави…
Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие…
Соопштение за јавност – реакција на изјавата…