Ништо од предлогот на Зеленски: Борел објави дека ЕУ нема донесено одлука за ембарго за руските нафта и гас

ЕУ сè уште нема донесено никакви одлуки за ембарго за нафта и гас против Русија, за таа можност сè уште се дискутира, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на прес-конференција по денешното заседание на Советот на ЕУ во Луксембург.
Евентуалното откажување на ЕУ од нафта и гас од Русија нема да ја спречи руската армија во Украина, изјави Борел, пренесува Бгнес.
-Да немаме илузии: ако денес запрете да увезувате гас и нафта, во наредните недели тоа нема да ја запре руската армија, рече Борел.
Тој исто така нагласи дека ЕУ е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина покрај веќе доделените 1,5 милијарди евра за оваа намена. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Судар на два танкери во Црното…
Два танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“…
Нафтата и златото поскапеа по настаните во…
Европските берзански индекси ја започнаа неделата со…
Утре нови цени на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Словачка ќе бара продолжување на исклучоците од…
Словачка планира да разговара со Европската Унија…
(Видео) Владата ќе му позајми нафта на…
Владата ќе одвои дел од резервите на…