Објавено на:

Ништо од предлогот на Зеленски: Борел објави дека ЕУ нема донесено одлука за ембарго за руските нафта и гас

t

ЕУ сè уште нема донесено никакви одлуки за ембарго за нафта и гас против Русија, за таа можност сè уште се дискутира, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на прес-конференција по денешното заседание на Советот на ЕУ во Луксембург.

Евентуалното откажување на ЕУ од нафта и гас од Русија нема да ја спречи руската армија во Украина, изјави Борел, пренесува Бгнес.

-Да немаме илузии: ако денес запрете да увезувате гас и нафта, во наредните недели тоа нема да ја запре руската армија, рече Борел.

Тој исто така нагласи дека ЕУ е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина покрај веќе доделените 1,5 милијарди евра за оваа намена.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нафтата падна на најниско ниво од август…

Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…

Нафтата над 117 долари, ОПЕК+ не попушта:…

Седум земји од ОПЕК+ одлучија денеска во…

Цената на нафтата падна под 108 долари…

Цената на Брент се спушти под 108…

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…