Ни се заканува нова пандемија, eве од каде ќе дојде
Следната пандемијат нај нема да ја донесат лилјаците или птиците, туку она што се крие во мразот што се топи на Арктикот, пишува „Гардијан“. Научниците ја анализираа почвата и седиментните наслаги на поларното Арктичко Езеро Хазен, кое прима вода од многу глечери
Научниците открија ДНК и РНК на веќе познати вируси во примероците, изградија алгоритам и заклучија дека поради топењето на глечерите се зголемува веројатноста вирусите да добијат пристап до нови носители.
Поради глобалното затоплување, вирусите и бактериите кои претходно биле заробени во вечниот мраз можат повторно да се разбудат и да ги заразат локалните животни.
Авторот на текстот потсетува дека во 2016 година, на северот на Сибир избувна епидемија на антракс, веројатно затоа што се стопи скелетот на заразен елен.
Други истражувања покажуваат дека во мразот може да се кријат вируси за кои луѓето сè уште не знаат. Пред една година, научниците од САД открија 33 вируси во примероци од Тибет, од кои 28 беа непознати за луѓето. Нивната возраст се проценува на 15.000 години.
Во 2014 година, француските научници успеаја да оживеат вирус од сибирскиот вечен мраз и тој повторно стана заразен по 30.000 години. Според авторите на таа студија, топењето на мразот е „рецепт за катастрофа“.
Сепак, експертите предупредуваат: да се предвиди ризикот од пандемија не е исто како да се предвидува пандемија. Сè додека вирусот и неговиот претходен носител не постојат на едно место во исто време, опасноста од драматични настани не е толку голема.
Глобалното затоплување ќе го промени животот на постоечките животински видови, па не е познато дали вирусот може да го промени домаќинот што му е потребен.
– Сега се очигледни две работи. Прво, Арктикот брзо се загрева и главниот ризик за човештвото доаѓа од неговото влијание врз нашата клима. Второ, болестите од други места навлегуваат во чувствителните заедници и екосистеми на Арктикот – велат научниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…