Објавено на:

Ни срам ни перде: СДСМ зборува за претпријатието што го остави со долг од 3.9 милиони евра – Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку Шилегов и поранешниот директор за цел нивен мандат

t

Градот Скопје реагира на прес конференцијата на СДСМ во врска со работењето на ЈСП. Од Градот велат дека СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше и го остави со финансиска дупка од 3,9 милиони евра.

“Ниедна лага од СДСМ нема да го испере срамот кој го ставија во Градот Скопје. Корупциските скандали, бројните злоупотреби од претходното градско раководство и директорите на претходниот градоначалник Шилегов кои трошеа и правеа огромни сметки за лични луксузирања нема да бидат покриени со лажните соопштенија за нечии оставки со кои се манипулира јавноста.

Милионските долгови, организационскиот хаос и негрижата за вработените се она кое СДСМ и претходното градско раководство го оставија во јавните претпријатија.

СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше, го остави во 3,9 милиони евра долг, со неподмирени долгови кон добавувачите до преку 240 милиони денари, со само 140 возила за цело Скопје, со негрижа кон барањата на скопјани и вработените во претпријатието, со редуцирани возни редови, правејќи непродуктивни трошоци и очајна финансиска состојба.

Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку што претходниот градоначалник и поранешниот директор направиле за целокупниот нивен мандат. Зголемен е вкупниот приход за цели 65% во споредба со истиот период минатата година, а остварени се приходи од тековното работење во висина од над 45 милиони денари, се со цел вистинско консолидирање на ова јавно претпријатие кое е во служба на сите граѓани.” – стои во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП

Автобус се запали во скопската населба Бутел…