Ни трага ни глас од скандалот на скопскиот аеродром во извадокот од дневни настани кои медиумите го добиваат од МВР!

t

Ни трага ни глас од скандалот на скопскиот аеродром во извадокот од дневни настани кои медиумите го добиваат на меил.

Во продолжение соопштението на МВР.

На 01.08.2024 во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје. Имено, при извршен претрес по претходна судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан каде престојувал С.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Денеска (02.08.2024) во 03.15  часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (02.08.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 01.08.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол „зораки 917-Т” и една рамка со 13 куршуми.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.08.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас…

На 01.08.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус” во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген” со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р.Австрија и патничко возило „поло” со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат” со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло” Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од  возилото „поло” К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

На 01.08.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов” во Гостивар, четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.Т.(48) од Гостивар излетал од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. 

На 01.08.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски” со ул.„101″ и ул.„Бранко Станојевиќ” во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Н.(22) од Р.Италија и патничко возило „бмв” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.  

На 01.08.2024 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска”  во Штип, И.Н.(22) од село Стар Караорман, штипско, управувајќи мопед „априлиа” со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

На 01.08.2024 во 17.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Тополчани  патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Л.(54) од с.Могила, битолско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

На 01.08.2024 во 14.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.,,Ленинова” на делницата од крстосница со ул.,,Браќа Миладинови” до крстосница со ул.,,24-ти Октомври” во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија дастер” со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.М.(66) од Р.Швајцарија, со место на живеење во село Смоларе, општина Ново Село и товарно возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(58) од Струмица, сопственост на правен субјект од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобил возачот З.Т., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Детали за скандалот прочитајте во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…

Не постои ниту еден тип на имунитет…

Пронајден починат маж во напуштена куќа во…

На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…