Објавено на:

НЛО над Словенија го збуни пилотот: „Во моментов кон нас свети силна светлина“

t

Во саботата пилотот на патнички авион имал необична средба на небото над Словенија која не можел да ја објасни, па на помош ја повикал контролата на летање.

„Имам необично прашање, но дали можеби има воен авион на околу 40 или 50 милји од нас на позиција еден или два часот“, ја прашал контролата на летање пилотот на патничкиот авион на TUI Airways.

Авионот кој полетал од аеродромот Ист Мидлендс во Велика Британија во 15.45 часот на пат кон грчкиот остров Родос, тоа попладне се нашол под зрак силна светлина. Пилотот не можел да ја објасни оваа појава, па побарал помош од контролата на летање мислејќи дека можеби станува збор за воен авион.

Меѓутоа, контролорот на летање немал информации за воени авиони на таа позиција, а она што го опиша пилотот тешко може да се поврзе со некое досега познато летало.

„Во моментов, има силна светлина што сјае кон нас. Непосредно пред да стапам во контакт со вас, таа блесна кон нас, потоа одеднаш исчезна и почна да трепка. Потоа светлината скокна наоколу на небото пред повторно да почне да свети постојано“, кажал пилотот.

Снимката од нивниот разговор ја објави порталот 24ur.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…