Новак: Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа отколку во 2023 година
-И покрај сите изјави и притисоци од санкции, гасот е високо еколошки производ, тој е баран. А рускиот гас е најпрофитабилен – и логистички и по цена, рече Новак.
Договорот за транзит на руски гас во Европа преку украинска територија истекува на 31 декември, а претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, најави дека Киев нема намера да го обнови договорот со Русија, што доведе до несогласувања со неколку европски лидери, вклучувајќи го и словачкиот премиер Роберт Фицо. Руски Газпром вчера оцени дека потрошувачката на гас во Европа ќе продолжи да се намалува во 2025 година, а стапката на пад ќе зависи од идните политички одлуки.
Според прелиминарните проценки, светската потрошувачка на гас ќе се зголеми за повеќе од 100 милијарди кубни метри до крајот на 2024 година, а Русија, Кина и Индија ќе забележат највисока стапка на раст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…