Новата Влада во Словенија ќе биде силен партнер на Македонија на патот кон ЕУ?
Управувачката „палка“ во Словенија ќе биде под ново раководство кое во иднина ќе го трасира патот на оваа балканска земја, со која Македонија има одлични меѓудржавни реалации.
Резултатот на парламентарните избори во Словенија овој викенд наговести дека земјата ќе биде предводена од новата либерална партија „Движење Слобода“ на поранешниот менаџер Роберт Голоб која ќе ги смени досегашните политики спроведувани од опонентот „СДС“ на Јанез Јанша.
Од македонска перспектива на настаните и пост изборите во Словенија, шефот на катедрата за новинарство во Љубљана проф Марко Милосављевиќ за „Слободен печат“ анализира како промената на власта во Љубљана ќе се одрази на словенечко-македонските релации, и на каква соработка Македонија во иднина може да се надева од новата власт во земјата.
Универзитетскиот професор кој важи за експерт во областа на дипломатијата вели дека Македонија не треба да стравува од големи проблеми во нејзините релации со Словенија. Тој додава дека изборните резултати за него се изненадување бидејќи не очекувал толкава висока победа на новата власт во земјата која ќе биде предводена од Голоб.
– Она што е изненадувачки за сите нас овдека е тоа што Роберт Голоб направи историски успех, невиден од независноста на Словенија па до сега. Сите предизборни анкети во земјава говореа дека тој ќе има благо водство пред Јанша но не и волкаво со 41 мандат во 90-члениот парламент – вели Милосављевиќ.
Според професорот ова значи дека Словенците јасно потврдиле дека сакаат враќање на проевропскиот курс на Љубљана, владеењето на правото и дистанцирање од политиките на Виктор Орбан и Александар Вучиќ, контроверзните лидери од регионот кои уживаа блиски релации со досегашниот премиер Јанша.
– Врз основа на тоа што се залагаше партијата на Голоб пред изборите и изборните програми кои беа промовирани, сосема е јасна траекторијата која ќе ја води новата влада во Љубљана. Тоа ќе биде со проевропска линија споредбено со досегашната на Јанша која беше повеќе приврзана со политиките на Вишеградската група и некакво си источно европско партнерство и Унија – вели Милосављевиќ.
Словенечкиот експерт во исто време истакнува дека досегашниот премиер Јанша беше близок пријател со Орбан и Вучиќ кои заедно низ годините формираа т.н. „Бермудски триаголник“ на владеење на Балканот кое создаде дури и низа безбедносно политички потреси во регионот. Едно такво според Милосављевиќ е и моменот на објавувањето на словенечкиот нон-пејпер минатата година во кој меѓудругото се залагаше и прекројување на границите на Балканот вклучително и во Македонија.
– По формирањето на новата Влада, она што можам да кажам е дека Македонија ќе добие по искрен пријател во однос на нејзината аспирација во ЕУ. Сите знаеме дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Унгарија а знаеме и дека Јанша беше најголем пријател со Орбан, земјата во која престојува поранешниот македонски премиер. Тоа носи до заклучок дека Јанша потајно го поддржувал Груевски и поради тоа не беше искрен пријател на македонските проевропски власти во моментов. Кога си пријател со Орбан и другите такви актери во регионот имаш контроверзна позиција за која мора да сносиш одговорност – резимира Милосавлевиќ.
Професорот заклучува дека односот на новата влада кон Македонија во иднина ќе се гради врз пријателските традиционални релации кои овие две земји ги градат со децении. Според него идниот словенечки мандатар дополнително ќе допринесе за поголеми поддршки на демократските структури и политики во Македонија, земја со која Словенија е во добри односи.
– Во секој случај смената на кормилото во Љубљана ќе значи проевропски сигнал за самата ЕУ но и и за целиот регионот и интеграривните политкити кон Западен Балкан – оценува Милосављевиќ.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…
Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…
Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…