НОВА ВАКЦИНА НА „ФАЈЗЕР“ ПРОТИВ КОВИД-19: Од есенва ќе се користи вакцината „Comirnaty XBB.1.5“
Европската комисија соопшти дека денеска ја одобрила употребата на новата адаптирана вакцина против корона вирусот на производителот „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“), во текот на есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 во земјите членки на ЕУ.
„Оваа вакцина означува уште една важна пресвртница во борбата против болеста. Тоа е трета адаптирана варијанта на оваа вакцина, со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19“, се наведува во соопштението на ЕК.
Вакцината може да ја примаат сите категории граѓани, вклучително и повозрасни лица, деца и доенчиња на возраст од над шест месеци.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, согласно претходните препораки на Европската медицинска академија (ЕМА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), возрасните лица и децата над петгодишна возраст на кои им е потребна вакцинација, треба да примат единечна доза без разлика на нивната историја на вакцинација против Ковид-19.
Еврокомисијата во соопштението посочува дека целта на адаптација на вакцината била да се таргетира сојот Омикрон на вирусот, но се очекува да придонесе за поголем имунитет и против останатите варијанти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…