Нова кривична пријава за екс – градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

t

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело”.

Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица.

Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос. На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130000 евра и дозволил, другите пријавени лица да се стекнат со вкупна материјална корист во износ од околу 86.000 илјади евра од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари,  иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.

Екс – градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари пред оваа кривичина пријава има и две други, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите…

Премиерот Мицкоски вчера во емисија јавно изјави…

Четврта пријава за лажен TOEFL сертификат од…

Продолжува сагата со лажни сертификати за познавање…

МВР поднесе прекршочна пријава против едно лице:…

СВР Охрид соопшти дека на протестот одржан…

МВР ќе ги гони Комити: Следува пријава…

На 19.02.2021 година, за време на одржување…

Пријава за стружанец кој украл „голф“ во…

Струшката полиција на 4 јануари извршила службен…