Нова пресуда во Нови Сад: 28 милиони динари оштета за семејство на загинати

t

Вишиот суд во Нови Сад донесе нова првостепена пресуда поврзана со трагичното уривање на натстрешницата на Железничката станица, наложувајќи им на „Инфраструктура железнице Србије“ и на државата Србија да исплатат значителна оштета на уште едно семејство на загинати.

Според пресудата од 20 октомври 2025 година, тужителите Р.З. и Р.З. треба солидарно да добијат по 13 милиони динари (околу 110 илјади евра) за претрпена душевна болка поради смрт на близок, како и по 1 милион динари (околу 8 илјади евра) за претрпен страв. Оштетата треба да биде исплатена со законска камата во рок од 15 дена од приемот на пресудата.

Судот ги задолжи тужените да ги покријат и трошоците за парничната постапка. Одлуката е жалбена и може да биде преиспитана пред Апелациониот суд во Нови Сад.

Втора пресуда за истата трагедија

Ова е втора судска одлука поврзана со несреќата. Првата беше донесена во јули, кога три лица добија по 5 милиони динари, а една тужителка 4,5 милиони динари оштета.

Трагедијата се случи на 1 ноември минатата година, кога натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна и одзеде 16 животи, а една личност задоби тешки и трајни телесни повреди

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова пресуда во Нови Сад: 28 милиони…

Вишиот суд во Нови Сад донесе нова…

Трамп и Си Џипинг разговарале за Русија…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал…

САД распоредуваат војска близу Венецуела по прогласувањето…

Администрацијата на Доналд Трамп би можела да…

Профили на „Икс“ што ја промовираат каузата…

Профили што ја промовираат каузата на Доналд…

Украина го изменила американскиот мировен план на…

Украина значајно го изменила американскиот мировен план,…