Објавено на:

Трамп и Си Џипинг разговарале за Русија и Украина

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал телефонски со кинескиот претседател Си Џинпинг, меѓу другото, за прашања поврзани со Русија и Украина.

„Имав многу добар телефонски разговор со кинескиот претседател Си. Разговаравме за многу прашања, вклучувајќи ги Украина и Русија, фентанилот, сојата и другите земјоделски производи“, напиша американскиот лидер на социјалната мрежа „Truth“.

Трамп додаде дека тој и неговиот кинески колега се согласиле за важноста на одржувањето редовни билатерални контакти.
Според него, разговорот бил многу позитивен.

„Овој повик беше продолжение на нашата многу успешна средба во Јужна Кореја пред три недели. Оттогаш, постигнат е значителен напредок во одржувањето на билатералните договори актуелни и точни“, напиша Трамп.

Тој, исто така, објави дека кинескиот претседател ќе дојде во Вашингтон на државна посета како одговор на планираната посета на американскиот лидер на Кина во април.

Трамп напиша дека кинескиот лидер го поканил да ја посети Кина во април. „За возврат, тој ќе биде мој гостин на државна посета на Соединетите Држави подоцна оваа година“, додаде Трамп.

Претходно, кинеската новинска агенција Синхуа објави дека двајцата лидери разговарале по телефон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…

Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…