Нова пријава против Стојна Димитровска – повторно им се заканувала на посетители на локалитетот „Куклица“

t

Нова пријава против кратовката која го узурпираше локалитетот „Куклица“. Според МВР, на 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б.(41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“  се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Посетители и претходно се жалеле дека им било барано плаќање за влез, како и дека биле изложени на навреди и закани. Судот претходно донел времена мерка со која С.Д.Б. и нејзиниот татко треба да го напуштат локалитетот и да го предадат на надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сам се пријави во полиција битолчанецот кој…

МВР информира дека денеска полициски службеници од…

Почина угледниот педагог Никола Петров, творецот на…

На 89-годишна возраст почина професорот и поранешен…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…