Нова рунда преговори на високо ниво меѓу Белград и Приштина на 14 септември!
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел денеска изјави дека на 14 септември во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина.
На прес-конференцијата по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Толедо, тој рече дека средбата ќе биде уште еден обид за разрешување на ситуацијата.
Борел рече и дека една од темите на денешниот состанок е проширувањето на Европската унија, како и дека шпанското претседателство со ЕУ предложило следниот месец да се одржи министерски состанок за земјите од Западен Балкан и оти министрите се согласиле дека тоа треба да се случи.
Според неговите зборови, на средбата се разговарало за бројни теми, а главни се состојбите во Украина и Нигер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…