Нова уцена од Ердоган: Ќе ја примиме Шведска во НАТО ако САД…

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот парламент ќе го почитува своето ветување за ратификување на приемот на Шведска во НАТО, доколку САД ја почитуваат својата обврска да испорачаат борбени авиони Ф-16 на Анкара.

„Се надевам дека додека тие остануваат верни на своите ветувања, нашиот парламент исто така ќе остане верен на ветувањето“, рече Ердоган, пишува весникот „Сабах“. Според Блумберг, Анкара сака брзо решение на ситуацијата поврзана со набавката на авионите Ф-16 од Вашингтон, каде американските пратеници предводени од демократскиот сенатор од Њу Џерси Боб Менендез досега го блокираа напредокот во преговорите.

Ердоган рече дека обвиненијата за корупција против сенаторот минатата недела создадоа предност што Турција сака да ја искористи, рече Ердоган. Шведска аплицираше за членство во НАТО заедно со Финска откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, а Финска беше прифатена во алијансата во април оваа година. За да може една земја да стане членка, потребно е сите останати членки да донесат едногласна одлука за тоа, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…

Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…