Новинарот кој протестираше со виножито маица ненадејно почина на натпреварот Аргентина – Холандија
Американскиот новинар Грант Вол (48) ненадејно колабирал, по што починал за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар вчера додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали.
Неговиот агент Тим Сканал за „Њујорк тајмс“ изјави дека во петокот и за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал.
Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.
Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!, се вели во соопштението.
Неговиот брат на социјалните мрежи ги сподели своите сомнежи околу неговата смрт, бидејќи според него Вал бил сосема здрав.
Heartbreaking video from Grant Wahl’s brother. You hope that Grant dying in Qatar is just an awful coincidence, and that he died of natural causes. But the timing raises many questions pic.twitter.com/MU4BHFjhA0
— Tom Hunsicker (@TomSportsWUSA9) December 10, 2022
На почетокот на првенството новинарот крена бука откако на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан бил приведен поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…