Новиот лидер на СДСМ ќе го избираат 23.000 членови

t

Околу 23 илјади членови на СДСМ се пријавиле за учество на внатрепартиските избори за нов лидер закажани на 30-ти јуни, заклучно со рокот за активна регистрација што истече синоќа на полноќ, дознава „Фокус“ од високи партиски извори.

Тоа е драстично помалку во споредба со претходните избори за партиски лидер по пат на непосредно гласање од страна на членството, со оглед дека при изборот на Зоран Заев како единствен кандидат во 2021 година беа регистрирани 68.999 членови.

Откако Заев се повлече по поразот на локалните избори истата година, пак, на новите внатрепартиски избори се регистрираа 51.228 членови, од кои големо мнозинство гласаа за Димитар Ковачевски, додека помал дел за неговите противкандидати Јован Деспотовски и Фросина Ременски.

Оттука произлегува дека на вторите внатрепартиски избори во 2021 година се пријавиле околу 18 илјади членови помалку во споредба со првите истата година, додека ваквиот пад уште повеќе се зголемува за претстојните трети избори, на кои се пријавиле околу 46 илјади членови помалку во однос на првите и околу 28 илјади членови помалку во однос на вторите избори.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја паметите ли најпопуларната кафеана во старо…

Кафеаната “Метропол” била отворена во 1935 год.…

Сашко од скопско Миладиновци ја пронашол малата…

По веста дека малата Марија(3) од Србија…

СЛАВА МУ: На 28 јуни во атентат…

На 28 јуни 1921 година во Софија…

Трагедија во Маврово: Болјер падна врз момче…

Во Полициско одделение Маврово вчера околу 18…

По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени…

Центарот за управување со кризи утринава информира…