Новите патриотски бургери во Русија ќе бидат со имиња на оружја, тенкови и авиони кои се распоредени во Украина
На северозападот на Русија се појави ресторан за брза храна, чии оброци носат имиња на руско оружје кое било користено во војната во Украина.
Во новиот ресторан за брза храна се продаваат различни видови хамбургери со тема инвазија на северозападот на Русија, јавува „Мондо.рс“ повикувајќи се на информации од Дејли Мејл.
Како што објавува „Мондо.рс“, новиот објект е именуван по озлогласениот провоен симбол на земјата – „Z-Burger“ и бил отворен на почетокот на април под слоганот: „Во Z-Burger, ние го поддржуваме нашето!“
Нивното мени вклучува хамбургери, пици и други јадења за брза храна со имиња на руско оружје, тенкови и авиони кои моментално се распоредени во Украина. Имињата на хамбургерите се: Су-57 – именуван по рускиот борбен авион од 5-та генерација; „Kinzhal“- нуклеарна ракета воздух-земја, и Т-34 – тенк од Втората светска војна.
Другите хамбургери на менито носат националистички епитети како што се Кремљ, За наше, За Кавказ, Z и V со големи букви.
Новите патриотски хамбургери доаѓаат до израз во време кога поранешните ресторани на Мекдоналдс се подготвуваат повторно да се отворат под нов бренд и сопственост. Мекдоналдс минатиот месец објави дека ги продава своите ресторани во Русија на еден од локалните носители на лиценца, Александар Говор, откако одлучи да се повлече од земјата по инвазијата на Украина на 24 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…