Нови детали за убиениот пејач: Се верил пред неколку дена
Нови детали за познатиот пејач и блогер од Скопје Амар Исмани кој беше убиен синоќа пред полноќ на „Пластичарска улица“ објавуваат медиумите во Албанија каде младиот музичар исто така бил популарен.
Пејачот, кој кратко по престрелката им подлегна на повредите, наводно се верил пред неколку дена.
Непосредно пред да биде убиен, тој на „Инстаграм“ објави фотографија со својата партнерка од свршувачката.
Исто така на 25 април објави неколку слики на кои покажа дека ја запросил својата девојка.
„Сѐ што ми треба во овој живот сме јас и мојата девојка“, напиша тој.
Сѐ уште не се познати причините за престрелката во Скопје, во која трагично заврши животот на 29-годишникот од Скопје.
Во престрелката учествувале неколку лица, а повредени се двајца. Полицијата трага по сторителите.
Погребот на Амар Исмани е денеска на муслиманските гробишта во Бутел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…
67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…
УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…
Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…
Српската полиција на нозе, се контролираат сите…
Веста за бруталното убиство на Вања не…
Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…
Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…