Нови жртви од поплави и лизгање на земјиштето во Кина, десетици илјади луѓе евакуирани
Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови во југозападна Кина по обилните врнежи од дожд и лизгање на земјиштето, јавија денеска кинеските медиуми.
Најмалку 16 лица исчезнаа во лизгање на земјиштето во западниот дел на земјата.
Секоја година делови од Кина се погодени од поројни дождови и поплави, но оваа година во некои области беше исклучително влажна, додека други региони се борат со суша.
На периферијата на градот Ксиан, најмалку две лица загинаа во лизгање на земјиштето, јави агенцијата Ксинхуа, додавајќи дека потрагата по преживеани е во тек.
Оштетени се патишта, мостови и далноводи.
На југозапад, околу 81.000 луѓе беа евакуирани во провинцијата Сечуан.
Сообраќајот во тој дел на Кина е во прекин, но нема информации за жртви.
Повеќе од 20 поаѓања на возови беа откажани во и околу најголемиот град на североистокот, Шенјанг, објави државната телевизија.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека во јули во Кина во поплави, лизгање на земјиште и планински порои загинале 142 лица. Само во Пекинг се регистрирани 33 жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…