Нови летови од Скопје до Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари и Келн

t

Воведување на нови авионски линии и враќање на линијата за Келн е предвидено со новите владини субвенции за унгарската компанија „Визер“ која во минатиот период скрати неколку авио линии од главниот град до повеќе европски дестинации.

Минатата година, компанијата сосема се повлече од германскиот аеродром во Келн, што резултираше со кратење на оваа линија од Скопје. Истовремено, прекината беше линијата од Скопје до Стокхолм која сега повторно се враќа назад со овие субвенции.

Оваа година преку субвенционирани летови беа отворени линиите за Барселона и Лион, кои беа долго очекувани од македонските патници. Со субвенции од Владата, ќе се лета и од Охрид до Истанбул, преку компанијата ,,Туркиш Ерлајнс”.

И компанијата ,,Изиџет” доби летови на вториот повик за субвенции до Владата за авионски линии до Женева до која ќе се лета од 3 ноември и Париз како дестинација каде ќе се лета од 2 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови летови од Скопје до Мадрид, Стокхолм,…

Воведување на нови авионски линии и враќање…

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и…

Густата магла што ја зафати Скопската котлина…

ПАНИКА ВО АВИОНОТ НА ВИЗЕР ОД БЕЛГРАД…

Патниците од Белград кои полетаа од аеродромот…

Стартува новата редовна авиолинија Скопје – Љубљана

Со коктел-забава како изненадување и мали подароци…

“Бритиш ервејс” откажа 10.000 летови поради недостаток…

Бритиш ервејс најави уште една рунда откажувања…