Нови немири вечерва во Србија, демолиран шраб на СНС во Нови Сад
Вечерва се одржуваат протести во Белград, Нови Сад и во некои други градови, на повик на студентите во блокад. Демолирани се простории на Српската напредна партија во Нови Сад. Демонстрантите во Белград се собраа кај зградата на Генералштабот, кај Автокоманда и кај кружниот тек во близина на Општина Нови Београд.
Крстосницата на улиците Немањина и Кнез Милош беше блокирана. Во исто време, поддржувачи на партијата се собраа во близина, пред просториите на СНС на улицата Кнез Милош. Според Танјуг, помеѓу двете групи демонстранти бил распореден кордон од припадници на жандармеријата.
Сообраќајната полиција е на блиските раскрсници, пренасочувајќи го сообраќајот. Медиумите известуваат дека пиротехнички средства биле употребени и кај Генералштабот и дека жандармеријата во еден момент ги разделила учесниците на протестот и поддржувачите на СНС. Демонстрантите кои се собраа во Нови Београд прво беа пред полициската станица, барајќи ослободување на уапсените демонстранти, а потоа се упатија кон седиштето на СНС во Палмира Тољатија. Во Нови Сад, демонстрантите прво се собраа пред зградата на БИА кој е многу блиску до просториите на СНС, а пред зградата на БИА беа поставени метални огради.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови немири вечерва во Србија, демолиран шраб…
Вечерва се одржуваат протести во Белград, Нови…
ЕУ го осудува секој чин на насилство…
Европската Унија остро го осудува секој чин…
Фајненшл тајмс за протестите во Србија: Најголемата…
Антивладините протести во Србија станаа насилни во…
Обвинителството наложи да се идентификуваат напаѓачите на…
Вишото јавно обвинителство во Белград објави дека…
(Фото) Протести во повеќе градови низ Србија,…
Граѓани и студенти се собраа во неколку…