Објавено на:

Нови Сад ќе издвои 80.000 евра за семејствата на настраданите во Кочани

t

Советниците во Собранието на Нови Сад, денеска одлучија градот да донира 10 милиони динари (околу 5 милиони денари / 80.000 евра) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Ова денеска, пред почетокот на седницата на Собранието на градот, го најави градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин.

Парите, според Миќин, ќе бидат издвоени од буџетот на Нови Сад.

Седницата на градското собрание беше неизвесна откако синоќа влезот во зградата на општината го блокираа студенти-демонстранти, во обид да ја спречат седницата на чиј дневен ред беше буџетот на градот за оваа година. Демонстрантите ја поминаа ноќта пред објектот на Градската куќа, по што полицијата насила ги отстрани и седницата се одржа. Советниците на владејачкото мнозинство ги изгласаа сите точки на дневниот ред.

Српскиот град, покрај несреќата со падот на настрешницата на железничката станица во ноемви, поминал и низ несреќи слични на пожарот во Кочани – во два случаи, во 2008 и во 2012 година, во Нови Сад загинаа вкупно 14 млади луѓе, во запалени угостителски објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…