Нови 11 МИЛИОНИ во џебот на Маратон – ЈСП уште трпи штета од бонбона бизнисот на Јанушев!

t

Државната лотарија на Република Македонија склучи договор со МАРАТОН ГРОУП ДООЕЛ Скопје за медија закуп на автобуси и автобуски постојки во вредност од 14.159.598,80 денари со ДДВ, или нешто над 11 милиони денари без ДДВ.

Од податоците достапни на бев-страницата на Бирото за јавни набавки, се гледа дека единствен понудувач бил Маратон, кој намалил само 402 денари од предвидената максимална сума на тендерот.

Наместо во приватен џеб, истата сума можеше да заврши во касата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, но парите уште долго време ќе одат во џебот на МАРАТОН поради договорот на ЈСП склучен од Игор Јанушев, поранешен директор на претпријатието, актуелен генерален секретар на Владата на Мицкоски.

Имено, најлошиот договор во историјата на ЈСП, еве и зошто.  2017 година на 21.04 е склучен договор меѓу ЈСП Скопје и компанијата Маратон ДООЕЛ Груп од Скопје, договор за закуп на граднските автобуси со цел рекламирање на истите.

Во овој период директор на ЈСП е Игор Јанушев, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ но во тој период се укинува секторот за маркетинг на ЈСП Скопје за да не може претпријатието самостојно да има ваква функција која инаку значи од 5 до 7 милиони евра годишен промет за компанијата Маратон.

Во овој договор стапува на сила 01.01.2018 година и трае 10 години што е спротивно на Закон од причина што секој договор кој трае повеќе од една буџетска година мора да биде јавно-приватно партнерство и не може да биде во ваков формат.

Маратон има екстремно поволен договор во кој за закуп на еден автобус ЈСП добива околу 6500 ден по автобус месечно, закупени се 120 автобуси на кои се поставуваат реклами, рекламите кои Маратон ги продава на компаниите се движат од 2000 евра па нагоре. Што значи дека за еден месец еден автобус може да направи 6, 7 или 12.000 евра а на ЈСП да му плати 7000 денари. ЈСП е оштетено поради неконкурентноста на овој договор, оштетено е за стотина илјади денари по автобус месечно.

5 до 7 милиони евра годишно за ЈСП значи околу 30 автобуси нови секоја година, за 10 години 300 нови автобуси.

Овој договор е ништовен сам по себе, на овој договор да биде трагедијата уште поголема, во случај автобус на ЈСП да биде дефект, да не вози, во таква ситуација не се применува постулатот vis major или виша сила, па противзаконски се предвидуваат пенали кои ЈСП треба да му ги плати на Маратон ако автобусот не сообраќа низ градот.

Дека Јанушев се познава со сопственикот на Маратон покажува и фотографијата во продолжение.

Десно на сликата е екс-директорот Јанушев, актуелен пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, спроти него е сопственикот на Маратон, Љупчо Костовски и во средина е бизнисменот Масар Омерагиќ.

Уште неколку години ЈСП ќе ги трпи последиците од штетниот договор на Јанушев со Маратон, а треба да се нагласи и фактот дека поранешниот директор, а сега генерален секретар на Владата, не одговараше за овој договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно нападнат возач на ЈСП додека управувал…

Нов напад на возач на автобус на…

Нови 11 МИЛИОНИ во џебот на Маратон…

Државната лотарија на Република Македонија склучи договор…

Човек кој немал билет нападнал и тепал…

Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа…

Од денес до Божиќ ЈСП ќе вози…

Од денеска до вторник возилата на ЈСП…

Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП…

Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од…