Ново зголемување на цените на горивата од полноќ

t

Цената на бензините и на дизелот останува иста, само Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 останува со цена од 79 денари за литар, Еуросупер БС-98 со цена од 81 денар за литар и дизелот со цена од 77 денари за литар. Останува иста и цената на мазутот – 52,354 денари за литар.

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 проценти во однос на вчерашната одлука.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспекциски контроли утврдиле дека цените во маркетите…

Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на…

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција…

Толку од „пониските“ цени: Заврши владината мерка…

Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка…

Намалување на цените на бензините и дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…