Ново зголемување на цените на горивата од полноќ

t

Цената на бензините и на дизелот останува иста, само Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за два денари за литар, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, од полноќ, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-95 останува со цена од 79 денари за литар, Еуросупер БС-98 со цена од 81 денар за литар и дизелот со цена од 77 денари за литар. Останува иста и цената на мазутот – 52,354 денари за литар.

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 проценти во однос на вчерашната одлука.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…

Владата ќе ги опомени трговците што се…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…