Објавено на:

Ново зголемување на цените на нафтата на светските берзи

t

 Цените на нафтата на светските берзи се искачија на 113 долари. На лондонскиот пазар цената на барелот се зголеми за 1,75 долари во однос на претходното затворање, на 112,65 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,57 долари повисоко, по 109,83 долари. Цените неделава скокнаа поради предлогот на ЕУ постепено да се укине увозот на руска нафта и нафтени деривати во следните шест месеци. 

Украинскиот министер за финансии Серхи Марченко денеска повика на воведување целосно меѓународно ембарго за увоз на руска нафта и гас.  Вели дека високите цени на нафтата и гасот значат дека Москва има буџетски суфицит и дека „се чувствува прилично удобно“. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, а Украина цело време повикува на строги санкции затоа што како што велат парите дадени за руски енергенси се крвави пари и му помагаат на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…

Цената на суровата нафта во светот порасна…

Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…

Турција откри 20 милијарди барели нафта во…

Турција откри 20 милијарди барели нафта во…

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…

Околу 82.000 литри нафта се излеале за…

Утре одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…