Ново зголемување на цените на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата на светските берзи се искачија на 113 долари. На лондонскиот пазар цената на барелот се зголеми за 1,75 долари во однос на претходното затворање, на 112,65 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 1,57 долари повисоко, по 109,83 долари. Цените неделава скокнаа поради предлогот на ЕУ постепено да се укине увозот на руска нафта и нафтени деривати во следните шест месеци.
Украинскиот министер за финансии Серхи Марченко денеска повика на воведување целосно меѓународно ембарго за увоз на руска нафта и гас. Вели дека високите цени на нафтата и гасот значат дека Москва има буџетски суфицит и дека „се чувствува прилично удобно“. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, а Украина цело време повикува на строги санкции затоа што како што велат парите дадени за руски енергенси се крвави пари и му помагаат на рускиот претседател Владимир Путин да ја финансира војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на златото нагло падна на најниско…
Во текот на тргувањето, берзанската цена на…
Цените на нафтата скокна на 106 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…
Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…
Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…
Цената на нафтата скокна над 100 долари…
Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…
Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…
Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…