Ново труење во фабриката „Магна“ во Србија: 57 работници побарале лекарска помош

t

Нова група од 57 работници на фабриката „Магна“ од Алексинац синоќа се пријавила во Итната помош во тој град со слични симптоми на труење како и претходниот ден. Во болницата Алексинац приведени се четворица работници, објави Спутник.


Претседателот на општината Далибор Радичевиќ претходно за РТС потврди дека околу два часот вечерва биле прегледани околу 50 работници, а неколкумина се задржани на опсервација во болницата во Алексинац.
Според него, никој не бил испратен во УКЦ Ниш.


Откако заврши истрагата, работниците од фабриката „Магна“ синоќа се вратија на работа и работеа во трета смена. Како што беше кажано вчера, работниците се вратени откако Заводот за безбедност и здравје при работа „1. Мај“ од Ниш по мерењата потврди дека воздухот повеќе не е загаден.
Првото труење со лепак во фабриката било забележано во средата. Беа прегледани 104 работници, а 51 се упатени на дополнителни болнички опсервации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…