Објавено на:

Нов американски напад врз Хутите во Јемен: Истрелаа ракети томахавк

t

САД започнаа нови напади врз Јемен, еден ден откако првиот напад предизвика масовни протести во главниот град на Јемен, а други земји од Блискиот Исток изразија загриженост дека нападите би можеле да предизвикаат дополнителни немири во регионот.

– Нападот беше извршен со ракета томахавк лансирана од разурнувачот УСС Карни и беше следење на цел поврзана со напади извршени на 12 јануари, наменети за намалување на способноста на Хутите да напаѓаат бродови – објави американската војска на Твитер. .

Извор од администрацијата на Сана наведува дека проектилот го погодил северниот дел на главниот град на Јемен, додека локалните медиуми јавуваат дека се слушнала силна експлозија.

– Дополнителните удари беа многу помали од претходната ноќ, кога беа погодени речиси 30 локации – изјави американски претставник за Си-Ен-Ен.

Официјалните медиуми на милитантите поддржани од Иран претходно објавија дека била нападната воздушната база Ал Даилами во јеменската престолнина Сана, која ја држат бунтовниците. Претходно вчера, директорот на Здружениот генералштаб на САД, генерал-полковник Даглас Симс, изјави за новинарите дека Хутите лансирале противбродска балистичка ракета како одмазда за нападите во четвртокот вечерта, но таа не го погодила бродот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ројтерс: Јеменските Хути испукаа балистички ракети кон…

Јеменските Хути во понеделник изјавија дека испукале…

Израел го нападна Јемен – Нетанјаху: Ова…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави…

Трамп: Продолжуваме со нападите на Хутите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите…

Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…

Двајца мртви во напад на Ал Каеда…

Во напад на Ал Каеда во јужен…